Меган Маркл во маслинесто-зелен стајлинг за прослава во кралството

Меган Маркл во маслинесто-зелен стајлинг за прослава во кралството

Принцот Хари и Меган Маркл не ја пропуштија крштевката на малиот принц Луи која се одржа во кралската капела во палатата Сент Џејмс.

36-годишната војвотка од Сасекс изгледаше елегантно и префинето во маслинесто-зелен фустан од Ралф Лорен.

Својот стајлинг, сопругата на принцот Хари го комплетира со впечатлива шапка од Стивен Џонс, складна чантичка и обувки од Маноло Бланик.

 

Во британските медиуми протече веста дека принцот Хари му подарил на Луи книга од првото издание на „Winnie The Pooh“ за која платил 8.000 фунти.