Меган Маркл и принцот Хари се вратија во Лондон

Меган Маркл и принцот Хари се вратија во Лондон

Меган Маркл и принцот Хари се вратија во Лондон за да ги исполнат и последните должности пред да се откажат од функциите во британското кралско семејство.

Славниот пар присуствуваше на Endeavour Fund Awards, свеченост во чест на ветерани и воени лица кои постигнале огромен напредок во заздравувањето од повреда и зеле учество во спортски или авантуристички активности.

Меган со широка насмевка на лицето блескаше во светлосин син фустан од Викторија Бекам и тегет салонки од Маноло Бланик.