Меган Маркл и принцот Хари присуствуваа на премиерата на „Кралот лав“

Меган Маркл и принцот Хари присуствуваа на премиерата на „Кралот лав“

Меган Маркл и принцот Хари беа дел од гостите на лондонската премиера на филмската верзија на „Кралот лав“.

37-годишната поранешна актерка пленеше во црна креација додека чекореше на жолтиот тепих покрај својот сопруг.

Малото црно фустанче војвотката од Сасекс го искомбинира со чантичка од Gucci и обувки од Aquazzura.