Меган и Хари официјално останаа без своите титули

Меган и Хари официјално останаа без своите титули

Принцот Хари  и Меган Маркл  останаа без титула, односно веќе нема да им се обраќаат со „нивното височество“.

Тоа значи дека сега, помеѓу останатото, може да ги прифаќаат комерцијалните понуди кои ги сакаат. Сепак, тие двајца и понатака ќе останат војводи од Сасекс и така од сега па натака ќе им се обраќаат.

Палатата објавила дека Хари и Меган повеќе нема да добиваат јавни пари за кралските должности и дека ќе ги вратат парите кои ги потрошиле за обнова на својата куќа во Фрогмор, односно 2,4 милиони фунти. Таа куќа планираат да ја задржат како свој дом во Обединетото Кралство.

Исто така, брачниот пар повеќе нема да ја претставува кралицата Елизабета Втора (93). Договорот на сила ќе стапи оваа пролет.

После повеќемесечни разговори и нови расправии, драго ми е што заедно пронајдовме конструктивен и соодветен пат за мојот внук и неговото семејство. Хари, Меган и Арчи секогаш ќе бидат многу сакани и почитувани членови на моето семејство“, напишала кралицата Елизабета во службеното соопштение.