Мбапе сакал да дојде во Барса!

Мбапе сакал да дојде во Барса!

Поранешниот кандидат за претседател на Барселона Жозеп Марија Мингела откри денеска дека Килијан Мбапе многу лесно можел да стане играч на Каталонците.

Суперталентираниот Французин го воодушеви фудбалскиот свет со игрите во Монако по што се најде во центарот на вниманието на европските клубови, а минатата година одлучи да прејде во ПСЖ.

Сепак, најдобриот млад фудбалер на светот лесно можел да тргне по друг пат.

Мбапе и беше понуден на Барселона, неговиот татко ми рече дека Килијан сакал да дојде во Барса, но дека во управата на клубот одлучиле да го доведат Дембеле – изјви Мингела.