Мауро Икарди ги почести соиграчите со Ролекс часовници

Мауро Икарди ги почести соиграчите со Ролекс часовници

Мауро Икарди веќе неколку години е најзначајниот играч на Интер, играч без кој не може да се замисли тимот, играч без кој клубот дефинитивно немаше да направи исчекор, напредок како што е пласманот во оваа сезона во Лигата на шампионите.

Нероаѕурите по неколку години пауза играат во елитното натпреварување, а за тоа голема заслуга има токму Икарди кој лани беше најдобар стрелец во Серија А со 29 постигнати голови. Меѓутоа оваа награда, признание Аргентинецот реши да ја подели со сите соиграчи купувајќи им ексклузивни подароци или во случајот Ролекс часовници. Тој им купи по еден часовник на сите колеги вклучувајќи ги и оние што во ланската сезона го носеа дресот на Интер како Рафиња и Жоао Кансело.