Маурицио Сари е нов тренер на Јувентус

Маурицио Сари е нов тренер на Јувентус

Она што со денови се шпекулираше во спортската јавност во Италија и Англија, ова попладне доби и официјална потврда од страна на Јувентус, клуб кој преку својата веб страна информираше дека Маурицио Сари и дефинитивно е наследник на Масимилијано Алегри на жешкото столче во Торино.

Италијанскиот првак стави крај на сите дилеми со потврдата за ангажманот на досегашниот менаџер на Челси, а начинот со кој информираше за тригодишниот договор беше навистина необичен и несекојдневен. Јувентус во својата објава направи ретроспектива на цела кариера на искусниот италијански стручњак, започнувајќи од неговиот пат во Серија Б, продолжувајќи со водењето на Емполи, потенцирајќи ја неговата фантастична етапа во Наполи, па се до освоениот прв европски трофеј во Челси.