Маска со кафе против уморен и неизедначен тен на лицето!

Маска со кафе против уморен и неизедначен тен на лицето!

Маската за лице од кафе е одличен начин како да “вбризгате” живот во уморниот и неизедначен тен.

Ова е идеална маска за сите типови на кожа – со неколку додатоци во зависност од вашите проблеми со кожата.

Пред 10 години, козметичките компании започнаа да го користат кофеинот како една од состојките во производите за лице поради неговите неверојатни ефекти на кожата. Оваа маска ќе го освежи вашиот тен, но и ќе помогне во ревитализирање на лицето.

Маската со кафе е едноставна за припрема, а истата е многу ефикасна.

Кои состојки ви се потребни?

• ½ лажичка кафе

• ½ лажичка какао во прав

• 1 лажичка млеко

• 1 лажичка лимонов сок (за сува кожа, пробајте маслиново или бадемово масло)

• 1 лажичка мед (за масна кожа или кожа склона кон акни)

Кои се предностите на горенаведените состојки?

Кафе – го намалува воспалението и црвенилата.

Какао – добар извор на антиоксиданси. Содржи високо ниво на сумпор (одличен за борба против акни).

Млеко – аминокиселините од млекото ја одржуваат хидратацијата на кожата.

Лимонов сок – содржи природен витамин Ц кој ја освежува и затегнува кожата.

Мед – помага во хидрирање на кожата.

Упатство за употреба:

Во еден сад, ставете го меленото кафе заедно со какаото, а потоа додадете го млекото и мешајте сè додека не добиете кремаста смеса. Потоа, додадете го лимоновиот сок и медот и нанесете на кожата. Оставете ја маската да делува околу 15-тина минута, а потоа исплакнете со млака вода.