Масимилијано Алегри смета дека притисокот за пласман во четврт-финалето е врз Тотенхем

Масимилијано Алегри смета дека притисокот за пласман во четврт-финалето е врз Тотенхем

Масимилијано Алегри смета дека притисокот за пласман во четврт-финалето сега е врз Тотенхем.

Јувентус и Тотенхем во Торино на првиот четврт-финален натпревар одиграа нерешено, 2:2, а иако Тотенхем постигна два погодоци на гости, се избори за нерешено откако губеше со 2:0, Алегри сеедно смета дека притисокот е врз лондонскиот клуб.

Не знам како ќе игра Тотенхем, но со оглед на резултатот од првиот натпревар, притисокот е врз нив затоа што тие се фаворити. Ова за нас е како финале, но мораме да одиграме многу подобро од првиот натпревар – изјави Алегри и додаде:

Ќе има повеќе простор во нападот, но ќе мора да се внимава на одбраната. Мораме да имаме поголем посед, но нема да биде лесно – изјави Алегри.