Масимилијано Алегри ќе се посвети на селекторската работа!

Масимилијано Алегри ќе се посвети на селекторската работа!

Италијанските медиуми веќе подолго време шпекулираат дека Масимилијано Алегри би можел да го напушти Јувентус и да се пресели во странство.

Италијанскиот тренер деновиве сепак потврди дека би можел да го напушти Јувентус, а негова голема желба е да се посвети на селекторската работа.

„Сигурно ќе заминам во странство затоа што завршив што се однесува до Италија. Уште пет-шест години ќе бидам во клубскиот фудбал, а потоа имам намера да се посветам на селекторската работа. Тоа сега е планот, па ќе видиме што ќе биде“, изјави Масимилијано Алегри.