Масимилијано Алегри го напушта Јувентус!?

Масимилијано Алегри го напушта Јувентус!?

Иако го донесе тимот до петтата титула под негово водство и осма во низа, Масимилијано Алегри не ја оствари основната цел на клубот – трофеј од Лигата на шампионите.

Италијанските медиуми тврдат дека поради тоа ќе добие отказ, а раскинот на соработката ќе биде објавен денеска на прес конференција или со писмо од Јуве. Главен фаворит за неговата позиција е Антонио Конте иако не е сигурно дали тој ќе се врати во клубот затоа што за него е заинтересиран и Интер.

Алегри би можел да продолжи на клупата на ПСЖ каде ќе го замени Томас Тухел, тренер кој, исто така, не ги оправда очекувањата на раководството.