„Маша и медо“ влегоа во Гинисовата книга на рекорди

Рускиот цртан филм „Маша и медо“ влезе во Гинисовата книга на рекорди затоа што се најгледаниот анимиран филм на YouTube.

Оваа информација ја сооптши компанијата „Анимакорд“.

„Маша и каша“ има над 3,4 милијарди прегледи. Стана единствен анимиран формат во светот кој е меѓу петте најгледани содржини на YouTube било кога.

Првата епизода од цртаниот филм „Маша и медo“ емитувана е пред десет години во јануари.

„Маша и медo“ ги освои срцата на деца ширум светот.

Вкупниот број на прегледи на рускиот анимиран серијал, преведен на 36 јазици, надмина 42 милијарди, пренесуваат руските медиуми.

Премиерата на новата епизода „Животот е театар“ најавена е за 25 јануари.