Масерати сепак не котира добро на пазарот

Масерати сепак не котира добро на пазарот

Првиот човек на Масерати открива зошто компанијата не котира добро на пазарот иако многумина очекувале дека Масерати со доаѓањето на SUV моделот ќе заживее по примерот на другите премиум производители кои ја воведоа оваа понуда, тој скок изостана.

Продажбата порасна, но недоволно, па дури и во неколку наврати производството на кратко беше стопирано.

Мајк Менли, шефот на Масерати за пазарниот неуспех го обвинува раководството објаснувајќи дека главниот проблем е тоа што Масерати беше речиси како да е производител на големите пазари.

Уште минатата година Масерати работеше со профитна маргина од 13,8 %, а денес со само од 2,4 %. Во третиот квартал приходите изнесуваат само 15 милиони евра, а продажбата е намалена за 19 %. Сето ова покажува дека одлуката на FCA е погрешна тоа што Масерати и Алфа Ромео имаа еден шеф.

“Со тоа го изгубивме фокусот на Масерати како бренд, а како второ кон Масерати се однесувавме речиси како да е поголем бренд, што не е добро”.

На чело на Масерати сега повторно е поставен Харалд Вестер, кој инаку ја водеше оваа компанија 8 години. Целта е јасна, а тоа е да се постигне годишен промет од 50.000 примероци. Во превод ова значи дека брендот моментално е на половина пат (во првите девет месеци беа продадени 26.400 примероци), па оваа година целта ќе биде малку потешко да се постигне.