Марко Ројс го испофали својот поранешен тренер

Марко Ројс го испофали својот поранешен тренер

Јирген Клоп според многумина е еден од најдобрите тренери на светот и неговите актуелни и поранешни играчи имаат само пофални зборови за Германецот.

Еден од нив е Марко Ројс кој со Клоп соработуваше во таборот на Борусија Дортмунд.

Боже мој, Јирген беше животно. Некој како него познавате само на телевизија. Ако седи пред вас со неговата аура и агресивност која зрачи кога зборува, тоа изгледа импресивно. Ова е ретко во професионалниот бизнис – изјави Ројс и додаде:

Клоп те повлекува со неговата магија и не те пушта. Јас заминав од разговорот со растреперено срце. Тој беше една од главните причини поради кои потпишав за Борусија Дортмунд – изјави Ројс.