Марко Асенсио синоќа беше херојот на Реал Мадрид!

Марко Асенсио синоќа беше херојот на Реал Мадрид!

Марко Асенсио синоќа беше херојот на Реал Мадрид – го постигна единствениот гол во победата против Еспањол, а со оглед на тоа како ја започна оваа сезона, навивачите не мора да се грижат што Роналдо го напушти клубот.

Најважно е тоа што освоивме три бода – изјави Марко Асенсио после натпреварот.

Игравме многу добро во првото полувреме, но во второто влијаеше заморот, тоа беше очигледно. Му реков на судијата дека мислам дека е гол и му објаснив дека бев зад последната линија. На крајот, со помош на ВАР беше донесена исправната одлука. Заслуживме да постигнеме гол во првото полувреме – изјави Марко Асенсио.