Марина Висковиќ објави два нови видео записи

Марина Висковиќ почна со промовирање на новите песни од албумот 1000 лица.

Третиот студиски албум младата поп ѕвезда го отвара со потенцијалниот мега хит Лудара.

Баладата Двоструки живот е омилена песна на Марина од новиот албум.

Никогаш не сум била толку горда. Проектот 1000 лица е нешто најтешко на што сум работела и со нетрпение чекам да го слушнам мислењето на публиката. Ова е само мал почеток, секоја недела ќе објавуваме нови видео записи – вели таа.