Марина Туцаковиќ откри зашто толку чекала за да се лечи

Марина Туцаковиќ откри зашто толку чекала за да се лечи

Марина Туцаковиќ oткако дозна дека боледува од тешка болест, таа се повлече од јавноста, а дека лечењето оди во добра насока потврда е што Марина повторно почна со работа и веќе има напишано неколку текстови.

Покрај работата, Марина се посвети и на домот, па во последно време готви низ дома и тоа исклучиво здрава храна.

неодамна, во едно телевизиско гостување откри и како дознала дека е болна.

„Јас знаев дека тоа ќе ми се случи на мене. Се чувствував многу лошо, се нервирав. Имав една рана која што ја игнорирав, Знаев дека сум болна, навистина, и свесно не одев на преглед. Имав и приватни проблеми и поради тоа го занемарив здравјето. Се ставив самата себеси на последно место“, призна Марина.