Марија Шерифовиќ се откажува од социјалните мрежи

Социјалните мрежи станаа дел од нашето секојдневие.

Меѓутоа, иако им се овие платформи важни за развој на кариерата, јавните личности често осеќаат голем притисок бидејќи се на мета на критики. Познатите ѕвезди затоа прават пауза од Инстаграм, Твитер, Фејсбук, а последна во низата е Марија Шерифовиќ.

Таа на својот Инстаграм налог извести дека едно време нема да биде на социјалните мрежи.

Ми здосадија и Инстаграм и Фејсбук и сите социјални мрежи и нотификации и инбокси и шерувања. Тајм аут – напиша пејачката.