Марго Роби ги разочара фановите со својот изглед на црвениот тепих!

Марго Роби ги разочара фановите со својот изглед на црвениот тепих!

Иако досега се појавуваше во совршени модни комбинации австралиската убавица Марго Роби вчера направила голем пропуст, имено модна катастрофа. .

Вчера во Лондон се одржа премиерата на филмот “Goodbye Christopher Robin”, каде се појави и глумицата Марго Роби. Таа успеа да ги изненади сите со својот изглед, но за жал тоа беше непријатно изненадување. На црвениот тепих Марго се појави со “мокра” коса и жолта сенка на очите. Всушност вистинскиот шок бил нејзиниот фустан. Таа прошета во долг бел фустан со цветен принт кој ќе ве потсети на стара постелнина, а драматичните ракави на фустанот воопшто не ја истакнаја нејзината витка фигура, туку напротив изгледаше како да додала некој килограм плус.

Овој фустан е навистина необичен и потсеќа на Викторијанската ера, но е многу поразличен на она што сме навикнати да го гледаме на црвениот тепих. За Марго овој обид заврши неуспешно.