Марек Хамшик оди во Кина

Марек Хамшик оди во Кина

Италијанските медиуми пренесуваат дека веќе се закажани преговори помеѓу раководствата на Наполи и Гвангжу на кои ќе се разговара околу можниот трансфер на Марек Хамшик во Кина.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека во текот на денешниот ден двете страни ќе седнат на преговарачка маса во Милано.

Наполи за словачкиот репрезентативец ќе бара минимум 30 милиони фунти, сума која не би требало да претставува проблем за тимот кој од клупата го води легендарниот Фабио Канаваро.

Многу е веројатно дека се ближи крајот на убавата приказна на Марек Хамшик кој во Наполи игра повеќе од една деценија.