Марадона со совет до Меси!

Марадона со совет до Меси!

Диего Марадона испрати директен и искрен совет до неговиот сонародник Лионел Меси по неговата одлука да земе пауза од настапите во националниот тим до крајот на оваа година.

Одредени медиуми ја пренесоа оваа вест дека Лео привремено се повлекува од репрезентацијата, но и дека е отворена опцијата тој воопшто повеќе да не го облече дресот на гаучосите.

Би му дал место Меси да дише, да одмори. Би му кажал да игра во Европа, да не патува и да не дозволува да го користат. Нема потреба да оди и да игра пријателска само затоа што тимот поведува повеќе со него -рече Марадона за Оле.