Ману Џинобили стана вториот 40-годишник кој постигна најмалку 20 поени

Ману Џинобили стана вториот 40-годишник кој постигна најмалку 20 поени

Ману Џинобили стана вториот 40-годишник во историјата на НБА лигата кој на две средби по ред постигнал најмалку 20 поени.

Портланд синоќа го совлада Сан Антинио со 111:110 со кош на шест секунди пред крајот од страна Си-Џеј Мекалум, а во последната секунда од натпреварот Ламаркус Олдриџ не реализираше шут за победа на Спарс.

Џинобили на натпреварот постигна 26 поени и стана првиот играч по Џордан кој на оваа возраст на две средби по ред постигнал по најмаку 20 поени. Портланд го предводеа Мекалум со 25 поени и Јусуф Нуркиќ со 17 поени и 13 скока. Кај Сан Антонио најефикасен беше Олдриџ со 30 поени и 14 скока.

Оклахома беше поразена од Феникс со 114:110, а Расел Вестбрук го забележа својот 93. трипл-дабл во кариерата. Тој постигна 26 поени, а имаше и 11 асистенции и 10 скока. Феникс го предводеа Девин Букер со 26 поени и 11 асистенции, односно Ти-Џеј Ворен со 23 поени.

Далас загуби од Њујорк со 96:100, додека ЛА Лејкерс стигнаа до 12 победа против сезонава во натпреварот против Атланта со 132:113.