По својата успешност во светот на модата сега Кара Делевињ зачекори во филмскиот свет, а наскоро ќе ја гледаме и во серија, заедно со Орландо Блум.
Станува збор за серијата „Carnival Row“ која ќе биде фантазија-драма, каде што Орландо е полициски инспектор, кој истражува убиства, додека Кара ќе биде од страната на убијците.
Серијата е под режисерска палка на Пол Мекгуијан, додека продуценти се Рене Ечеварија и самиот Орландо. „Carnival Row“ ќе почне да се емитува при крајот на оваа година, а првата сезона ќе има само осум епизоди.