Манекенката Џиџи Хадид и музичарот Зејн Малик официјално раскинаа

Манекенката Џиџи Хадид и музичарот Зејн Малик официјално раскинаа

Манекенката Џиџи Хадид и музичарот Зејн Малик официјално раскинаа, а тоа го објавија со цивилизирано соопштение во кое кажаа за тежината на нивната одлука. Според нивните зборови, нивниот однос е полн со љубов и почитување.

Џиџи и Зејн беа во врска повеќе од две години, а нивната врска започнала после ревијата на “Victoria’s Secret”.

Откако Зејн раскина со Пери Едвардс, момчето од Бредфордс се упати кон Америка со цел да зпочне блескава кариера.

“Додека беше со Пери, тој ја искуси Америка како и секој просечен Англичанец. Но, благодарејќи на Џиџи, тој се пресели во Америка и започна музичка кариера. Таа го запозна со американскиот живот”, откри инсајдер за “Hollywood report”.

Тие беа премногу посветени еден на друг, па дури и кружеле гласини дека се вериле. Зејн неодамна ги истетовирал градите со ликот на неговата девојка.

Тој изјави:

“Џиџи и јас имавме неверојатно забавна врска полна со љубов и понатаму ја почитувам и ценам како жена и пријателка. Таа има прекрасна душа. Благодарен сум на сите наши фанови што ја почитуваат оваа тешка одлука и нашата приватност, нам ни е жал што не дознавте за оваа вест прво од нас. Ве сакаме сите”, напиша Зејн на својот Твитер.

И Џиџи имала убави зборови, па рекла:

“Ќе биде како што е судено”.