Манчестер Сити се спаси со гол во судиското продолжение.
Сега во полуфиналето од Лига купот на Англија. Во првиот меч против Бристол, Манчестер Сити победи со 2-1 благодарение на голот на Серхио Агуеро во 92. минута. Вторпат за само четири дена Сити дојде до победа со пресврт откако во саботата на идентичен начин, но со 4-1 го совлада Ватфорд во третото коло од ФА Купот.
Бристол водеше по првиот дел со голот на Рид, а во вториот погодија Де Брујне и Агуеро. Реваншот се игра на 23 јануари во Бристол каде најголемото изненадување во Лига купот оваа сезона има можност за уште една сензација.