Манчестер продолжува со победите под водство на Солскјер!

Манчестер продолжува со победите под водство на Солскјер!

Манчестер Јунајтед остана непоразен и на 11-от натпревар под водство на Оле Гунар Солскјер, или поточно, избраниците на норвешкиот стручњак успеаа да ја прокнижат 10-та победа во сите натпреварувања на денешното гостување на Кревин Котиџ.

Фулам влезе максимално ангажирано на мечот и ја имаше првата шанса, но сепак уште еднаш тимот на Клаудио Раниери докажа дека е поразен во одбраната, па така Јунајтед со против нападите им нанесе голем удар на домаќините уште во првиот дел. Најпрво Пол Погба постигна одличен гол од речиси мртов агол, а потоа следеше маестрален гол на Антони Марсијал кој имаше еден соло продор кој го заокружи со прецизна завршница.

Резултатот од 0:2 на полувреме беше добра препорака дека Јунајтед ќе освои нови три бода, а тоа само го потврди разиграниот Погба во вториот дел кога прецизно го изведе пеналот за кој се избори Хуан Мата.