Манчестер Јунајтед во четвртфинале

Манчестер Јунајтед во четвртфинале

Оле Гунар Солскјер и неговите фудбалери приредија уште едно големо задоволство за фановите на Манчестер Јунајтед, откако вечерва го победија ПСЖ со 3:1 среде Париз и се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

„Црвените ѓаволи“ дојдоа во речиси загубена позиција, со негатива од два гола и без Погба, но на најдобар можен начин ги искористија подароците на домашните фудбалери.

Уште во 2. минута големата грешка на Керер ја искористи Лукаку за 0:1, десет минути подоцна Бернат израмни, но до крајот на полувремето погреши и Буфон, па Лукаку со вториот гол ги постави 1:2 по првиот дел.

Тој резултат беше актуелен се до почетокот на судиското надополнување, кога ВАР судиите реагираа поради играње со рака на Кимпембе во шеснаесетникот, Скомина реши дека тоа е пенал, а Рашфорд ги постави конечните 1:3 од белата точка.

Големата победа за гостите ПСЖ не можеше да ја неутрализира во завршните минути, па Јунајтед почна да го слави пласманот во следната фаза.