Манчестер Јунајтед сериозно заинтересиран за Диабала

Манчестер Јунајтед сериозно заинтересиран за Диабала

Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала се чини дека е на излезните врати на торински Јувентус.

За услугите на Дибала се интересира Манчестер Јунајтед, но исто така и ПСЖ и Тотенхем, а исто така имаше и гласини дека би можел да се пресели во Интер, а на негово место во Јувентус да пристигне Мауро Икарди.

Постојат некои понуди, има интерес, но чекаме конкретен потег за да можеме на мира да одлучиме – изјави Павел Недвед.

Италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио синоќа објави дека Дибала е најблиску до трансфер во Манчестер Јунајтед и дека претставници на англискиот клуб веќе ги започнале преговорите со Јувентус.