Манчестер Јунајтед го порази Јувентус за прв пат сезонава!

Манчестер Јунајтед го порази Јувентус за прв пат сезонава!

Екипата на Манчестер Јунајтед издвојува драматична победа над Јувентус во дербито на вечерва во Лигата на шампионите.

Составот од „Олд Трафорд“ беше во подредена улога на дуелот во Торино, но ги дочека своите „пет минути“ и успеа да слави со 2-1. Домаќините го отворија резултатот со прекрасниот гол на Кристијано Роналдо на асистенција на Бонучи во 65 минута.

Меѓутоа оваа мајсторија на Португалецот беше избришана во продолжението и тоа од Мата во 86 и Бонучи кој си постигна автогол во 90 минута.

Ова за Јувентус беше прв сезонски пораз во сите натпреварување, додека пак за Јунајтед овој триумф доаѓа во вистински време пред градската пресметка со Сити во Премиер лигата.

Супер убедливи пак беа Манчестер Сити и Реал Мадрид во своите пресметки против Шахтјор Доњецк, односно Плзен. „Граѓаните“ го демолираа украинскиот претставник со 6-0 (Габриел Жезуз (3), Стерлинг, Силва, Марез), додека Реал со „петка“ го поздрави чешкиот шампион (Бензема (2), Касемиро, Бејл и Крос).

Останати резултати:

Лион-Хофенхајм 2-2

Бенфика-Ајакс 1-1

Баерн-АЕК 2-0