Манчерстер Јунајтед бара 170 милиони евра за Погба!

Манчерстер Јунајтед бара 170 милиони евра за Погба!

Како што пренесува британски Индепендент, Пол Погба е подготвен да го напушти Јунајтед, но проблем би можело да претставува обесштетувањето кое го бара клубот од Олд Трафорд.

Наводно од Реал Мадрид веќе ги започнале преговорите со Манчестер Јунајтед за трансфер на Пол Погба, а иако Французинот би немал ништо против да се пресели на Сантијаго Бернабеу, сепак мали се шансите да се случи тоа идното лето.

Од Манчестер Јунајтед побарале 170 милиони евра обесштетување, додека пак исто така и барањата на Французинот биле премногу големи – Погба барал 28 милиони евра по сезона. Исто така, целата работа е отежната и поради тоа што Мино Раиола, агентот на Погба е суспендиран до 9-ти август.

Како што пренесуваат англиските медиуми, од Реал Мадрид биле подготвени во трансферот да го вклучат Герет Бејл, но од Јунајтед не биле заинтересирани за Велшанецот.