Манасков во Веспрем во 2022 година

Манасков во Веспрем во 2022 година

Македонскиот ракометен репрезентативец, Дејан Манасков го продолжи договорот со Веспрем до 2022 година.

До континуитет на соработката дојде по впечатокот што поранешното лево крило на Борец, на Металург, на Вецлар, на Вардар и на Рајн Некар Левен што го остави во дресот на унгарската екипа, па раководството на клубот реши да му понуди да остане уште две години.

Веспрем е најмоќен тим во унгарската ракометна сцена. Во клупските витрини има 26 титули од националниот шампионат и 24 во националниот куп и двократен победник е на регионалната СЕХА лига. Во 2008 година го освои и еврпскиот КПК по победата во финалето над Рајн Некар Левен.

Покрај Манасков, кој во јануари го очекуваат настапи со македонската репрезентација на ЕП 2020, во Веспрем остануваат и Србинот Петар Ненадиќ и Словенецот Гашпер Маргуч кои, исто така, ќе бидат во ростерот на унгарскиот великан до 2022 година.

Веспрем моментно е втор во групата Б во Лигата на шампиони со 14 бода, а во досегашните десет кола, Манасков постигна вкупно 12 гола.