Максим Јордански е добитникот на новиот iPhone X

Максим Јордански е добитникот на новиот iPhone X

Максим Јордански е победник во големата потрага по iPhoneX која викендов ја организираше Македонски Телеком на Плоштад Македонија во Скопје.

Максим освои најмногу поени на квизот што следеше по потрагата на скриените кодови и го доби најпосакуваниот модел iPhone X. На второто и третото место завршија Филип Петрески и Илчо Димитријовски кои беа наградени со iPhone SE.-Потрагата по iPhoneX за мене беше забава и предизвик. Скриениот код го најдов на многу необично место, во близина на Старата Чаршија, скриен во една улична светилка. Веднаш гo внесов на страницата на osvojx.mk. За среќа бев најбрз и најточен во квизот помеѓу финалистите и тоа ми ја донесе првата награда. Многу се радувам и едвај чекам да си го персонализирам новиот телефон, изјави Максим Јордански, добитникот на iPhone X во натпреварот организиран од Македонски Телеком.

Во највозбудливата и најголемата потрага по iPhone X се вклучија повеќе од 300 натпреварувачи, од кои 87 финалисти трагаа по скриени кодови во околината на плоштадот.

Сите натпреварувачи што успеаја да пронајдат еден од 100те скриени кодови и да го внесат на веб страницата osovojx.mk, добија потврда дека се финалисти во натпреварот. Тесната трка од натпреварот започна во 14:00 часот, каде што финалистите одговараа на прашања поврзани со Македонски Телеком и новиот iPhone X преку апликација од своите мобилни телефони.

Најновиот iPhone X веќе е во продажба од минатата недела и корисниците можат да го најдат во Телеком продавниците.