Макси фустани: создадени за топлите летни денови

Макси фустани: создадени за топлите летни денови

Фустаните се омилен летен избор и тоа без размислување. Макси моделите се наметнуваат како идеален избор за дневни комбинации, и зошто тоа е така лежи во синергијата на едноставноста, удобноста и неодоливиот шик изглед!

Омилените високо улични марки веќе долго време ги презентираа своите летни колекции, па затоа не изненадува што макси моделите се истакнуваат. Макси фустаните се  практични за комбинирање, тие имаат различни детали и стилови и добро одговараат на сите видови на форми на телото. Бидејќи макси фустаните се често обемни, предлагаме должината на фустанот да ви биде над глуждот за визуелно да ја издолжите фигурата на телото. Волуменски или оние што го следат телото, не е важно затоа што и двата модели ќе го обезбедат посакуваниот ефект ќе изгледате одлично.