Македонските ракометари се пласираа на СП

Македонските ракометари се пласираа на СП

Во Клуж, Романија, Македонија вечерва загуби од домаќинот, но тоа не беше загрозувачки пораз кој ќе ја урне надежта на нашите ракометари за пласман на СП идната година.

Со минималниот пораз на гости кај Романците со 26:25, Македонија ја сочува предност со +8 од Скопје и заслужено ќе биде дел од новиот Мундијал догодина во Германија и Данска.

Ова за Македонија ќе биде шести Мундијал на кој ќе учествува, а по завршување на средбата, нашите ракометари со претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, прославија за победата.