Македонските кошаркари одат на четврта победа!

Македонските кошаркари одат на четврта победа!

Македонската кошаркарска репрезентација ги започна подготовките за последниот натпревар од предквалификациите за европското првенство, против репрезентацијата на Швајцарија.

Македонија и селекторот Јорданчо Давитков бараат победа и потврдување на првото место во групата, со што ќе обезбедат натпревари во вториот круг.

Давитков потенцира дека Македонија има проблеми со повредени кошаркари и дека ќе отсуствува Соколов, Николовски и Маслинко.

На првиот тренинг отсуствуваа Бојан Крстевски и Александар Костовски, а натурализираниот кошаркар Шејн Витингтон, ќе се активира на местото на другиот Американец, Хендрикс, на натпреварот кој ќе се игра на 28 јуни.

Македонија досега нема пораз во групата, постигнувајќи три победи, два пати против Словачка и еднаш против Швајцарија.