Македонските кошаркари го дознаа противниците во квалификациите за ЕП 2021

Македонските кошаркари го дознаа противниците во квалификациите за ЕП 2021

Познати се противници на кошаркарската репрезентација на Македонија во квалификациите за ЕП 2021.

Денеска во Минхен беа извлечени квалификациските групи за Европските првенства 2021 во двете конкуренции.

Македонија ќе игра против Италија која е еден од домаќините, потоа силната селекција на Русија, како и Естонија.

Со оглед на тоа дека Италија како ко-домаќин веќе има обезбедено учество на Еуробскет, црвено-жолтите својата шанса за настап на шампионатот ќе ја бараат пред се во двомечот со Естонија, селекција која пред две годни во пред-квалификациите за Мундијалот ги добија двата натпревари против нашата репрезентација.

Распоред на натпреварите:

20/21.02.2020
Македонија – Естонија

23/24.02.2020
Русија – Македонија

26/27.11.2020
Италија – Македонија

29/30.11.2020
Естонија – Македонија

18/19.02.2021
Македонија – Русија

21/22.02.2021
Македонија – Италија