Македонските фудбалери добија 30.000 евра

Македонските фудбалери добија  30.000 евра

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) одлучи репрезентативците на македонската фудбалска репрезентација да добијат премии за воведните две победи на стартот на Лигата на нации од 30.000 евра.

Македонија со две победи по 2-0 одлично го почна новото натпреварување Лигата на нации во кое целта е да се освои првото место во групата, кое ќе донесе пласман во Ц-дивизијата, но и пласман во плејофот за место на Евро 2020, па федерацијата реши добрите два резултати да ги награди со премија.

Црвено-жолтите со головите на Иван Тричковски и Езгјан Алиоски донесоа победа против Гибралтар на гости, а Алиоски од пенал и Горан Пандев погодија за тирумф против Ерменија во првото од двете дербија за првото место во групата. Македонија идниот месец игра нови два меча со Лихтенштајн дома и со Ерменија во Ереван, па ако ги победи практично и ќе го завери првото место во групата.