Македонската ракометна репрезентација обезбеди пласман на СП

Македонската ракометна репрезентација обезбеди пласман на СП

Македонската ракометна репрезентација во машка конкуренција обезбеди пласман на Светското првенство кое ќе се одржи во Германија и Данска.

За нашите најдобри ракометари ова ќе биде шесто светско првенство, но истовремено ќе биде последната шанса на оваа генерација да обезбеди пласман на Олимписките Игри.

Инаку, Македонија на 25 јуни ќе ги дознае имињата на противниците со кои ќе игра на светскиот мундијал.

До есен, Македонија нема да има официјален натпревар кога на квалификациите за Европското првенство во 2020 ќе игра со Турција и Грција.