Македонија одигра без голови против Словачка

Во рамките од 2. коло на 8-та група на турнирот што се одржува во Скопје, младите македонски фудбалери како и на првиот дуел против БиХ и денеска одиграа меч без голови 0:0, овојпат против врсниците од Словачка.

Избраниците на Горан Станиќ одиграа тежок меч против Словаците, пред се поради фактот дека противникот речиси целиот натпревар играше со играч повеќе, откако уште во 9. минута Давид Тошевски поради остар старт беше исклучен, односно доби директен црвен картон.

И со овој освоен бод нашите младинци ја задржаа шансата за пласман во елитната група, но под услов да ја победат селекцијата на Молдавија која денеска во вториот меч беше убедливо совладана од БиХ со 4:0.