Македонија со голем скок на ранг листите на ФИФА

Македонската фудбалска репрезентација направи голем скок во најновата ранг-листа на ФИФА.

Од 135-то се искачи на 103-то место.

Подобрувањето е резултат на победата против Израел и нерешениот меч со Албанија.

Од друга страна, Албанија забележа пад од три позиции, а полош пласман има и Косово. Моментално тоа е на 184-та позиција со 67 бода, што значи пад од четири позиции.

Кога сме кај врвот, таму прва е Германија пред Бразил.