Македонија е еден од организаторите на ЕП за жени 2022 година!

Македонија е еден од организаторите на ЕП за жени 2022 година!

Македонија, заедно со Словенија и Црна Гора ја добија честа од ЕХФ да го организираат Европското првенство за жени во 2022. година!

Ракометните федерации на трите земји ги исполнија критериумите и барањата на инспекциите на ЕХФ изминатиов период, по што стана и официјално дека Љубљана, Скопје, Цеље и Подгорица ќе бидат домаќини на овој ракометен настан.

Првенството ќе се игра во четири сали и тоа Стожице во Љубљана, Златорог во Цеље, Морача во Подгорица и Борис Трајковски во Скопје. Во овие сали ќе се играат по една од четирите групи од првата фаза на првенството.

Љубљана и Скопје ќе ги организираат и двете групи во главната фаза, додека финалето ќе се игра во салата Стожице во главниот град на Словенија.