Мајли Сајрус купува детска облека

Мајли Сајрус купува детска облека

Мајли Сајрус, според пишувањата на странските медиуми, и нејзиниот вереник актерот Лијам Хемсворт би можеле да станат родители.

Мајли е видена во Лос Анџелес како купува детска облека, што веднаш ги поткрена сомнежите дека таа е бремена.

Пејачката наводно престанала со лошите навики, не пие алкохол и се посветила на целосно здрав живот.

Мајли и Лијам не се огласуваат по повод наводната бременост, а блиски пријатели на пејачката велат дека и покрај гласините таа „дефинитивно не е бремена“.