Мајли Сајрус и Лијам Хемсворт се венчале во тајност

Мајли Сајрус и Лијам Хемсворт се венчале во тајност

Во мирна семејна атмосфера си кажале “да” Мајли Сајрус и Лијам Хемсворт.

26-годишната пејачка Мајли Сајрус и нејзиниот свршеник, 28-годишниот Лијам Хемсворт, судејќи по се, тајно се венчале по повеќегодишно забавување.

Двајцата во неделата венчавката ја прославиле во најтесниот круг на семејството, а тоа го објавил нивниот пријател Конрад Кар во моментот кога се подготвувале за сечење на тортата.

Лијам за оваа свечена прилика носел црно одело и бела кошула, а како што наведува “RadarOnline”, парот ја прославил венчавката во нивниот дом во Фрeнклин, иако се шпекулирало дека прославата ќе биде во родната држава на актерот, Австралија.

Освен родителите, тука биле и браќата на Лијам, Крис и Лук, а дека сите одлично се забавувале сведочи и снимката на Инстаграм.

Врската на Лијам и Мајли била турбулентна години наназад, а прв пат се свршиле во јуни 2012-та година.

“Таа и Лијам чувствуваа дека е вистинско време за венчавка”, рекол изворот за магазинот “OK!”