Мајкл Керик ја завршува својата играчка кариера

Мајкл Керик ја завршува својата играчка кариера

Мајкл Керик потврди дека на крајот од оваа сезона ќе ја заврши својата играчка кариера.

Манчестер Јунајтед беше подготвен да му понуди едногодишен договор на Керик исто како и минатото лето, но капитенот на овој клуб одлучи дека е време да ги закачи копачките на клин. Керик мина 12 години на Олд Трафорд и одлучи дека е време за нови предизвици во животот.

Овој 36-годишен фудбалер денеска објави на социјалните мрежи дека би сакал да продолжи да игра уште десет години, но дека едноставно неговото тело не може да го поднесе тоа.

Доаѓа време кога ќе сфатиш дека телото ти говори да ја завршиш кариерата и тоа е отприлика како јас се чувствувам. Ова ќе биде последната моја сезона – порача Керик.

Керик по завршувањето на кариерата ќе стане дел од стручниот штаб на Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед, а на Олд Трафорд пристигна во 2006. година од Тотенхем.