Мајкл Џордан влегува во нов бизнис

Мајкл Џордан влегува во нов бизнис

Членот на Куќата на славните, 6-кратниот НБА шампион и сопственик на Шарлот најави продажба на дел од акциите на франшизата пред краток период, а сега најавува уште една бизнис бомба – премиум бренд на текила, пијалок кој веќе е распространет и има бројни награди, од Њујорк па се до Лос Анџелес.

Мајкл Џордан бил директно инволвиран во дизајнот на логото, заедно со иновативниот тим на Nike, кое во себе ја содржи 23-ката на легендарниот кошаркар, заедно со билката агава со пет листа од која се произведува текилата.

Иако НБА сопствениците се познати по заеднички зделки, досега не се памети четворица (Хорнетс, Селтикс, Лејкерс, Бакс) или повеќе да се вклучат во еден ист проект.