Мајка дозволи својата едногодишна ќерка да биде касната од змија

Мајка дозволи својата едногодишна ќерка да биде касната од змија

Мајката на едногодишното девојче од Флорида од неодамна предизвика бес кај јавноста откако дозволи нејзината ќерка да ја касне змија како би ја научила лекцијата.

Жената е под истрага на полицијата поради тоа што видеото од ужасниот инцидент го постирала на Фејсбук.

Иако јавноста жестоко реагираше на оваа непримерна воспитна мерка, таа вели дека не се кае што дозволила ќерка и да ја касне змија. Тврди дека змијата ја нашла на својот прилаз и дека сакала ќерка и да ја запознае со змијата. Прво дозволила змијата да ги касне неа и нејзиниот син, а кога виделе дека немаат никакви траги од каснување, змијата ја ставила покрај ќерка си. Видеото кое го постираше подоцна го избриша со изговор дека луѓето се пречуствителни. Пред телевизиските камери наведе дека верува дека нејзините деца мораат да научат за опасностите кои ги опкружуваат како би им покажала што подоцна да избегнуваат.