Мајк Буденхолзер ќе биде новиот тренер на Милвоки

Мајк Буденхолзер ќе биде новиот тренер на Милвоки

Мајк Буденхолзер ќе биде новиот тренер на НБА франшизата Милвоки Бакс, објави новинарот на ЕСПН, Адријан Војнаровски. 

Поранешниот тренер на Атланта Хокс, со Милвоки ќе потпише четиригодишен договор.

Буденхолзер е еден од најценетите тренер во НБА лигата. Тој 17 години бил асистент во Сан Антонио Спарс. Со Спарси има освоено четири шампионски титули, а од 2013 година ја предводеше Атланта и успеа со овој тим да игра во финалето на Истокот во сезоната 2014/2015.

Буденхолзер треба да ја унапреди играта на Милвоки и да му помогне на тимот да стане еден од најдобрите во Источната конференција.