Мадрид не спиеше од радоста на навивачите на Ривер

Мадрид не спиеше од радоста на навивачите на Ривер

Ривер Плејт ја освои јужноамериканската титула, што ги турна во екстаза навивачите на црвено-белите, кои буквално го окупираа центарот на Буенос Аирес за да го слават големиот успех.

Но, тие што дојдоа во Мадрид и се радуваа на трибините на „Сантјго Бернабеу“ на шампионскиот трофеј, не можеа туку така да си заминат од шпанската престолнина, па по мечот го нападнаа своето собиралиште „Пуерта дел Сол“ и таму до доцна во ноќта пееа славејќи го големиот успех.

Само остана нејасно, од каде толу сила кај аргентинските навивачи да продолжат да пеат, откако уште од вчераутро се загреваа на исто место, па повеќе од два часа ги оставија гласните жици на „Бернабе“ за на крај вечерта да ја завршат со нова рунда прослава.