„Мадам Тисо“ ги повчече восочните фигури на Меган и Хари

„Мадам Тисо“ ги повчече восочните фигури на Меган и Хари

Лондонскиот музеј „Мадам Тисо“ ги оддели восочните фигури на војводата и војвотката од Сасекс од другите членови на кралското семејство, како одговор на неодамнешната објава на парот дека се повлекуваат од кралските должности.

Сега, восочните фигури на Меган и Хари ќе бидат сместени во посебен дел, а не заедно со фигурите на кралицата Елизабета, принцовите Филип и Чарлс, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт.

По примерот на Брегзит, повлекувањето на Меган и Хари од кралските должности, медиумите го нарекоа Мегзит.