Луксузно уживање на Риц Карлтон јахтата

Луксузно уживање на Риц Карлтон јахтата

Првата луксузна јахта направена по мерка која е дел од беспрекорната флота ќе го има своето прво патување до 2020 година, а на патниците им е дадена можност уште од сега да резервираат патувања, овозможувајќи им да уживаат во различните дестинации низ целиот свет.

Првата од три неверојатни јахти е од Риц Карлтон колекцијата ќе се постави на иконски локации, вклучувајќи го Медитеранот, северна Европа, Карибите, Латинска Америка, САД и многу други. Патувањата ќе траат од седум до десет дена, а ако некогаш сте посакале да го посетите Барбадос, Портофино или Миконос, дефинитивно треба да се распрашате за нивните распореди и да резервирате.

Покрај одличните дестинации, патниците на овие јахти ќе имаат можност да уживаат во неверојатните настани, како што е Монако Гранд Прикс, Единбург Милитари Тату, крстарење околу грчките острови или да присуствувате на прославата на празникот на Карибите.

До 298 патници ќе можат да патуваат со оваа јахта, а тие ќе бидат сместени во 149 пространи апартмани, при што секој ќе има сопствена тераса.

Оваа јахта нуди разновидни активности на бродот, како и неверојатни опции за забава и неколку ресторани. Со доплата, гостите можат да уживаат во единственото кулинарско искуство во Аква ресторанот, да го посетат спа центарот или да бидат дел од некои од организираните екскурзии до крајбрежјето.